Ќе се прашувате зошто сте вложувале толку енергија и сте им придавале важност на нештата кои во вашиот ум не донесувале ништо добро. Зошто во таа лажна драма сте дозволувале да ги уништува вашите соништа и наместо да живеете страствен живот, сте живееле преплашен живот. Наместо да сте се обиделе да посегнете по повеќе, сте земале помалку и сте се прашувале зошто животот е неправеден.
Еднаш кога животот ќе почнете да го живеете со помалку драма ќе ја обликувате судбината во правец во кој навистина сакате да ве води и ќе престанете да се однесувате како личноста која секогаш бара виновник во другите за своите неуспеси. Ќе живеете живот како пример за другите а не предупредување и ќе сфатите дека разликата во квалитетот на животот се сведува само на едно; а тоа е дека долгорочниот внатрешен мир е поважен од моменталните задоволства.
Еднаш кога ќе воспоставите контрола врз сопствените емоции ќе сфатите дека единствената стратегија во постигнувањето на моќ е да се биде господар на себеси и не е важно како се однесуваат другите спрема вас, туку како се однесувате вие со себе. Затоа престанете да се жалите затоа што сите тие методи се само начин да ги привлечете негативните мисли во својот живот што и ве прави да бидете такви.
Еднаш кога ќе почнете да го живеете својот живот без драма и ќе почнете да го игнорирате внатрешниот глас кој во вас постојано зборува дека е време за грижа, ќе почнете да уживате во малите нешта. Ќе почнете да сфаќате дека е губење време миговите да ги поминувате во стрес наместо да правите нешто добро. Кога ќе ја намалите драмата во вашиот живот ќе го зголемите просторот за внатрешниот мир. И ќе сфатите дека животот не вреди да се живее во постојана битка и состојба на опсада.