Категории

Вие сте дар на светот! – Секое утро започнувајте го со оваа мисла

Вие сте посебни и имате моќ да создадете нешто волшебно секој ден!

Наутро, откако ќе го поздравите Сонцето, размислете добро за ова:
Дали ја давате својата енергија и креативност, својата дарба, таму каде што луѓето недоволно ве ценат?

Престанете да одите со главата во ѕид! Пуштете ги тие места и луѓе, нека одат по својот пат.
Животот е премногу краток за да ги уверувате луѓето да бидат свесни кој сте и колку вредите.

Сакајте се себеси доволно за да можете да заминете од секоја ситуација во која постојано ставате одредени личности како приоритет, а тие вам како опција или можност.

Усните на мудрите се запечатени и не им зборуваат на оние кои одбиваат да слушнат и на кои им е пријатно да бидат во незнаење.

Почнете да создавате место за себе, место во својот живот и свет за да го правите она за кое чувствувате мотивација и страст и за оние кои се спремни да го примат тоа.
Вашите таленти и време се драгоцени.
Внимавајте на нив, негувајте ги и развивајте ги.
Само на тој начин можете да живеете живот кој има смисла, е значаен и нема фрустрации.

Вие сте дар на светот.
Заслужувате да бидете препознаени за она што сте.
Не заборавајте – Имате величенственост во себе!

Прегледи:
471
Објавено на:
14.02.2020