“Каде ќе одиме?
Не знам, некаде надвор од градот, не сакам да не гледаат заедно.
Но, зошо?
Па, така, потајното е потрајно, а вофено и послатко.
Аха, океј штом велиш така, ѕака нека биде…”
Не ме виде повеќе…
Јас трчав по него, тој ме игнорираше, јас го барав, тој ме одебваше, јас го почитував, тој ме плукаше, јас го сакав, тој ме научи дека не секое ѓубре заслужува љуов.
Го оставив и покрај таа љубов, се изморив од трчање, неговото ебавање во мозок не ме задоволуваше повеќе, плукањето преку индиректни, културни навреди ми стана одбивно.
Тој ми стана одбивен.
Беше ѓубре, ѓубре кое не заслужува да слушне ниту љ од љубов, ѓубре кое заслужува да биде сместено каде што му е навистина местото, во контињер.
Го џитнав така стуткан како пакета од цигари и не се завртив да видам дали паднал покрај, внатре или зад контињер, едноставно ми беше гајле.
Тркалото се заврти…
Тој трчаше по мене, ме бараше, ми искажуваше наклонетост, ме засакал викаше, научил дека не секоја заслужува да биде сакана, како што заслужив јас, но не добив никогаш ништо такво од него.
Јас не ги следев неговите постапки, не го игнорирав, го сожалував, не го одебвав, му кажував дека не го сакам повеќе, не се преправав дека не ми годи неговата наклонетост, ми годеше, бидејќи редно беше еднаш и јас да почувствувам како е некој кога ќе ти трча по газот.
Сфати дека бил ѓуре, али јебига, ѓубре ќе си остане ѓубре засекогаш, пак ќе си смрди, втора шанса заслужуваме само доколку си ја дадеме себеси, оној што не сакал, ќе ја искористел првата, ако не сакал навистина.
Почна да ме моли…
Но, јас не сакав да ме моли, не дека неговото молење не ми годеше, секако дека ми годеше, на секоја девојка и годи кога ја молат, ајде уште еднаш за сите убави заеднички спомени.
Али, дечко спомени си се спомени, зошто ги ѓибаш? Остави ги таму каде што им е местото, во минатото, замини и ти таму, придружи им се.
Се сеќаваш како не сакаше да не гледаат заедно, сега поттргни се настрана, јас не сакам да ме видат со тебе.
Но, те молам…
Значи љубовта е молење ми рече, како последен изустен збор. Јас те сакам, затоа те молам да ми се вратиш!
Му се обратив дека можеби за него љубовта е молење, но јас не се молам на таков начин, не верувам во таква љубов.
Молење само во црква, не сум икона, јеботе. Чао