Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (01 – 02 СЕПТЕМВРИ, 2018)

 

Лав

Ќе потврдите дека умеете да заведувате. Склони сте кон флерт, а сега особено ви е нагласена таа склоност. Ќе зрачите со шарм и убавина и полни сте со желба за задоволства. Сепак избегнувајте непромислени љубовни афери. Бидете доволно мудри и не седете на две столици одеднаш.

Девица

Не ќе можете да направите се што сте планирале за денешниот ден. Работите ви се натрупале, а вашето трпение е на минимум. Ви треба повеќе концентрација и ангажирање. Побарајте помош од вашите колеги. Во семејството ситуацијата е доста напната, некој член навистна ви прави големи проблеми.

Вага

Во работата ќе бидете доста успешни, од рака ќе ви одат краткотрајни работи, но избегнувајте долготрајни обврски, бидејќи пред се треба да внимавате на себе и вашето здравје. Финансиската состојба ви е одлична, можеби ќе добиете неочекувана добивка, која многу ќе ве израдува.

Скорпија

Имате високо ниво на концентрација и внатрешна енергија. Ќе можете многу лесно да учите и ќе достигнете голем успех на работа, училиште или факултет. Во љубовта сериозните врски ќе бидат во една стабилна состојба на слога разбирање и љубов. Слободните можеби ќе се најдат во едно пријатно друштво каде многу ќе се забавуваат и ќе разговараат.

 

1 2 3

Прегледи:
1019
Објавено на:
31.08.2018