Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (01 – 02 СЕПТЕМВРИ, 2018)

Стрелец

Не ја пропуштајте приликата за нови љубовни познанства кои денеска ќе ги има повеќе од обично, бидејќи би можеле да започнете една многу добра љубовна врска. Особено ако сте осамени денеска ќе бидете на прав пат да пронајдете сродна душа.

Јарец

Ве очекуваат несогласувања во односите со вашиот партнер. Ќе забележите дека недостасува малку топлина и внимание од негова страна. Воздржете се од било какви директни реакции и обидете се, да ја одржите рамнотежата.

Водолија

Комуникативни сте, но помалку немирни и нервозни. Дали причината за тоа е заљубеноста? Преиспитајте се добро. Децата ќе ви приредат некакво изненадување или пак можеби вие нив. Доколку не сте во врска, можеби токму овие два дена ќе ви донесат среќа.

Риби

Викендот ќе го поминете во работна атмосфера. Доколку наидете на некои работни потешкотии не удирајте со главата во ѕид. Здивнете за момент и ладнокрвно проанализирајте ја целосно ситуацијата. Во спротивно можете да згрешите, а наградата која ви е на дофат може да ви избега.

1 2 3

Прегледи:
994
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
31.08.2018