Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (02 – 03 ФЕВРУАРИ, 2019)

Овен

Не се чувствувате најдобро. Иако се обидувате нормално да функционирате, тешко ви поаѓа од рака, зашто сте притиснати од многу деловни и приватни проблеми. На работа не се случува ништо значајно, но, за чудо, тоа не ве вознемирува ни најмалку.

Бик

Уживате во сите видови задоволства. Дишете со елеганција, љубов и сензуалност. Се наоѓате во фаза кога ја активирате цела креативна сила. На деловен план очекувавте повеќе, но моменталните околности се малку поинакви. Всушност, никој и не ви е виновен кога ги идеализирате соработниците…

Близнаци

Активни сте, а тоа е одличен лек за незадоволството. Ако ви е за утеха, ни околината не се чувствува најдобро. Ќе забележите деловен успех, финансиска добивка, среќа на лотарија, а со оглед на тоа дека состојбата е минлива – треба да ја искористите до максимум.

Рак

Мислите интензивно ви се свртени кон некого. Желбата за љубов и создавање семејство е зголемена. Кога ќе наумите нешто, тоа го исполнувате. Имате проблеми со трпеливоста. Сакате веднаш да знаете на што сте, но околностите не ви го дозволуваат тоа.

 

1 2 3

Прегледи:
1062
Објавено на:
01.02.2019