Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (04 – 05 АВГУСТ, 2018)

Овен 

Љубовта е во прв план. Склони сте кон кавги со саканата личност или децата. Слободните ќе се соочат со додворувањето на една премногу наметлива личност. Правите одеднаш повеќе работи, па поради тоа може да дојде до хаос. Навреме прераспределете ги обврските, бидејќи моменталната криза може да заврши со колапс.

Бик

Не влегувајте во дискусии, бидејќи ќе кажете нешто што не го мислите. Се проектирате себе си во другите, па место да се занимавате со сопствените маани, ја критикувате околината. Ви претстои контакт со личности кои се пренападни за ваш вкус. Не се сомневајте во своите способности, туку одлучно спротивставете му се на притисокот.

Близнаци

Премногу сте оптоварени и поради тоа можете да бидете пренервозни. Намалете ги своите амбиции, не мора секоја задача да ја завршите без грешка. Имате голема потреба за суштински промени. Додека не ви се разјасни што конкретно ви е најважно, не повлекувајте никакви потези, бидејќи ќе згрешите.

Рак

Бидејќи може да сте викендов исклучително повредливи како резултат од изминатите денови и влијанијата на планетите, ќе се фрлите во некакви конспиративни зафати и односи, се што ќе правите ќе биде на некој начин конспиративно, тајно, но промислено и калкулативно.

 

1 2 3

Прегледи:
907
Објавено на:
03.08.2018