Овен
Комуникативни сте, но помалку немирни и нервозни. Дали причината за тоа е заљубеноста? Преиспитајте се добро. Децата ќе ви приредат некакво изненадување или пак можеби вие нив. Доколку не сте во врска, можеби токму овие два дена ќе ви донесат среќа.
Бик
Викендот ќе го поминете во работна атмосфера. Доколку наидете на некои работни потешкотии не удирајте со главата во ѕид. Здивнете за момент и ладнокрвно проанализирајте ја целосно ситуацијата. Во спротивно можете да згрешите, а наградата која ви е на дофат може да ви избега.
Близнаци
Ве очекуваат несогласувања во односите со вашиот партнер. Ќе забележите дека недостасува малку топлина и внимание од негова страна. Воздржете се од било какви директни реакции и обидете се, да ја одржите рамнотежата.
Рак
Без некоја поголема причина ќе бегате од партнерот и пријателите барајќи осаменост. Најдобро е кога би можеле да тргнете во прошетка, кино, попладневно кафе и сл. Потребна ви е одредена мерка на слобода или можеби нова љубовна врска. На работното место се прилагодивте на вообичаениот ритам на работа.