Стрелец
Во деновите кои ви претстојат можно е да се најдете во неколку ситуации кои нема да се одвиваат онака како што вие сакате. Но, не очајувајте излезете со пријателите и доверете им се. Со добар разговор може да се реши сѐ. Не сте во врска? Овој викенд ќе ви биде полн погодок!
Јарец
Овој викенд потрудете се да го извлечете најдоброто од себе. Присуствувајте на сите забавни настани и збогатете си го вашиот социјален живот. Некој од луѓето кои ќе ги запознаете овој викенд понатаму ќе стане многу важна личност во вашиот живот.
Водолија
Почнете да се однесувате добро кон вашите пријатели и кон сите во вашето опкружување, бидејќи многу лесно сите може да ви го свртат грбот. Научете некогаш и да ги премолчите вашите злонамерни коментари. Сабота е поволен ден за средба со пријателите.
Риби
Вашата одговорност и креативност ќе ве однесе ниво погоре на професионално поле. Но, време е да се остави работата на страна и да се ужива во викендот. Излезете со пријателите и поминете една луда вечер со нив. Па и малку алкохол не е на одмет. :)