Стрелец
Не оценувајте ги луѓето според изгледот, бидејќи понекогаш изгледот е само површна работа. Потрудете се повеќе да го запознаете вашиот партнер, доколку сакате да се впуштите во сериозна врска. За оние кои не се во врска, овој викенд e поволен за запознавање на нова личност од спротивниот пол.
Јарец
Се чувствува некоја романтика во воздухот… ова се вашите денови, дефинитивно! Викендов искористете го за некое кратко патување со партнерот, далеку од сите, во некое од идиличните места во нашата земја. Доколку не сте во врска, ќе имате можност повторно да бидете со поранешниот партнер, но добро размислете дали го сакате тоа.
Водолија
Доколку партнерот има желба што почесто да ве гледа, не му замерувајте, тој само се чувствува запоставено и потребно му е повеќе внимание. Почнете да распознавате кои пријатели ви се вистински, а кои не вредат за вашето внимание.
Риби
Овој викенд поставете си но предизвик – да почнете со вежбање, бидејќи летото дојде, а одморот се ближи. Едно романтично случување ќе ви го одбележи викендот и ќе ве направи весели и насмеани. Наредниот ден, возвратете со уште поголема романтика, ништо нема да ве чини.