Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (14 – 15 АПРИЛ, 2018)

Овен

Овој викенд направете нешто добро. Разбудете ја хуманоста во вас и помогнете некому. Саботното попладне препорачливо ви е да го искористите за мал шопинг, а неделата посветете ја на членовите од вашето семејство. Доколку не живеете веќе со нив, подгответе нешто вкусно и поканете ги на традиционалниот неделен семеен ручек.

Бик

Бидете подготвени да направите добар план и држете се до тоа. Само така ќе можете квалитетно да ја извршите работата која е пред вас. На љубовно поле буквално ви цветаат рози. Ќе се чувствувате исполнето во текот на целиот викенд, а главниот кривец за тоа ќе биде вашиот партнер.

Близнаци 

Во текот на овие два дена, најверојатно ќе бидете фокусирани на една одредена  личност. На крајот навикендот неочекувано ќе научите нешто ново, или ќе сфатите дека долго време сте грешеле во врска со нешто што ви е важно. Не двоумете се кога станува збор за вашиот партнер. Кажете му што ви смета кај него и разговарајте за односот во вашата врска.

Рак

Викендов, спремете се за добра забава со пријателите, а слободното време искористете го покажувајќи ги вашите кулинарски способности и  подготвувајќи им некој од вашите вкусни специјалитети. Слободното време одвојте го за вас и само за вас.

Продолжува на страна:  1   3

1 2 3

Прегледи:
921
Објавено на:
13.04.2018