Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (14 – 15 ЈУЛИ, 2018)

Лав

Изненадени сте од однесувањето на личностите за кои мислевте дека добро ги познавате. Не сте одговорни за туѓите постапки, па немојте ни да губите време за нивна анализа. Поради лошото расположение имате потреба да се изолирате од околината. Без оглед што мислите дека само тоа би ви годело, направете го спротивното. Време е за дружење.

Девица

Бидејќи може да сте викендов исклучително повредливи како резултат од изминатите денови и влијанијата на планетите, ќе се фрлите во некакви конспиративни зафати и односи, се што ќе правите ќе биде на некој начин конспиративно, тајно, но промислено и калкулативно. Значи, внимавајте на своите обиди за манипулација со фактите и луѓето со кои сакате да си ја остварите личната доминантност.

Вага

Викендов ќе ви биде релативно мирен и можеби и со бенефитни случувања ако сте така настроени од изминатите денови или како последица од случувањата во истите. Значи, убави динамични нешта посебно на планот на вашето социјално живеење, на планот на дружењата кои можат да бидат искрено речено и доста напорни за вас, посебно во недела, бидејќи ќе има еден куп преправања, подлажнувања, невистини и искривени нешта во вашите заемни односи.

Шкорпија

Во семејната околина во најава се радосни настани. Добрата атмосфера создава идеални моменти за зближување кое во минатиот период ви недостасуваше. Не е поволен момент за воспоставување на нови контакти и започнување на активности кои се поврзани со недвижности. Внимајате кому ги доверувате своите тајни.

 

1 2 3

Прегледи:
974
Ознаки:
· ·
Објавено на:
13.07.2018