Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (14 – 15 ЈУЛИ, 2018)

Стрелец

Викендов најголемите проблеми можат да ви дојдат поради партнерот, или нешто во врска со него, во смисла на ограничувања, непријатни состојби и ситуации, нервоза, и тоа највеќе во саботата околу пладне па постапно вака интонираниот викенд да ескалира во недела, кога се можни и расправии поради неговата неодреденост, промена на расположение, сакање на се во исто време, па и покрај вашите желби да се најдете и да му помогнете, едноставно ќе бидете оневозможени.

Јарец

Во саботата може да се случи да започнете еден куп работи, но само да ги започнете а ништо да не завршите, да бидете натаму-наваму и за се да имате причина и оправдување, но на крај да дојдете во конфликтна ситуација или однос со некој постар или поавторитетен во својата околина. Ве очекуваат пријатни мигови со вашиот партнер.

Водолија

Викендов немојте да очекувате претерана помош од никого, па според тоа што и да правите сметајте само на себе. Од друга страна не прекорувајте никого бидејќи можеби и имате некаква помош, поткрепа, а и да не сте свесни за тоа, едноставно некого го краси скромност, па не сака да се експонира. Ова значи дека се работи за суптилни поддршки, можеби финансиски и тоа преку партнерот.

Риби

Расположението овој викенд ќе ви биде на завидно ниво. Активностите на полето на комуникациите може да ви послужат за остварување на лични цели, а особено во љубовта. Внимавајте да не потрошите повеќе пари од планираното. Секој долг што сега ќе го направите, во иднина може да ви донесе големи проблеми.

1 2 3

Прегледи:
975
Ознаки:
· ·
Објавено на:
13.07.2018