Овен
Најдобро решение за уште подобар викенд, би ви било проблемите да ги оставите на страна и максимално да се релаксирајте. Игнорирајте ги сите оние кои ви одат на нерви и бидете насмеани во текот на целиот викенд.
Бик
Не очајувајте доколку ви се случи мала караница со партнерот. Со добар и мирен разговор може сѐ да се реши. За оние кои не се во врска, во сабота навечер, бидете подготвени за еден повик од некоја личност која ви се допаѓа.
Близнаци
Вашето расположение ќе биде на ниво овие два дена. Останете така позитивни во текот на целиот викенд и посветете еден ден само на партнерот. Потрудете се да ја зачините вашата врска со некоја мала промена.
Рак
Ова е идеален викенд за креативни подвизи. Искористете го вашето слободно време за да уживате со самите себе. Кон крајот на викендот, ве очекува излив на емоции, па немојте да донесувате важни одлуки за после да не се каете.