Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (20 – 21 ЈАНУАРИ, 2018)

Овен 

Доволно сте разумни за да ги одбраните своите ставови. Не преземајте ризици за да немате финансиски проблеми. Бидете искрени кон саканите. Понекогаш треба да го смените начинот на перцепција за да се заштитите. Добро ќе ви дојде психофизичка релаксација. Некој Бик ви нуди помош за совладување на препреките, прифатете ја.

Бик

Понекогаш треба да делувате брзо и одлучно без премногу тактизирање. Со саканата личност уживајте во работите кои ви се заеднички. Потпрете се на интуицијата. Посветете внимание на различните информации кои ги добивате за да можете коректно да ги завршите работните задачи. Внимавајте на однесувањето со колегите.

Близнаци

Викендов ќе бидете многу неодлучни. Предолгото размислување нема да ви помогне. Бидете поодлучни и дејствувајте веднаш. Нема да ви биде лесно да си одделите енергија за проблемите на другите луѓе, но ќе бидете принудени да го направите тоа. Сочувствувајте со ваш колега или пријател и дајте му пријателски совет. Не мора да глумите преголема загриженост, едноставно бидете отворени за разговор.

Рак

Постојано ќе среќавате личности кои ќе ви испраќаат збунувачки сигнали. Но, вие најдобро е да стоите блиску до стабилни личности кои избегнуваат игри и за кои знаете дека немаат скриени намери. Не останувајте зачудени ако луѓето се однесуваат необично. Тие ќе направат се за да се истакнат и да застанат во центарот на вниманието.

 

1 2 3

Прегледи:
988
Објавено на:
19.01.2018