Овен
Викендов ќе уживате во сите среќни моменти кои ви ги нуди животот. Се чувствувате одлично, полни сте со енергија и љубов. Но, препорачливо би било да бидете умерени во сите аспекти. Внимавајте на своето здравје бидејќи постојат извезни ризици. Најдобро функционирате во друштво на Бик и Вага.
Бик
Немате причина, а имате чувство на ниска вредност према личности од спротивниот пол. Причината за ваквото однесување е недостиг на самодоверба. Исто така, викендов ќе бидете неосновано љубоморни. Вашиот партнер е многу комплицирана личност, но морате да се изборите со неговите проблеми и она што најмногу ви пречи – неговата тврдоглавост.
Близнаци
Ве очекува напорен викенд, ќе мора да ја вложите сета расположлива сила. Тешко се одрекувате од започнатото, но препорачливо би било да се откажете доколку сакате да функционирате поедноставно. Веќе од понеделник со голема леснотија ќе ги завршите сите обврски, а и сите проблеми ќе исчезнат.
Рак
Припадник на знакот Водолија може да ве спаси од состојбата во која се наоѓате. Размислувањата во врска со иднината ве паничат и ви создаваат страв. Наскоро ќе добиете нова идеја која воедно ќе биде решение на сите ваши проблеми. Не ви е лесно, но сетете се на претходните искуства.