Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (21 АПРИЛ – 22 АПРИЛ, 2018)

Овен 

Во емотивната врска работите се поставени онака како што вие посакувате, не претерувајте со барањата можете повеќе да изгубите. Ќе имате мали недоразбирања со некои членови од семејството, потребен ви е компромис или едноставно побегнете од ситуацијата. Слободните ќе треба повеќе да се потрудат околу љубовниот живот и изборот на партнер.

Бик

Ќе бидете во извонредна форма, која мора на секој начин да ја искористите. Ве очекуваат навистина убави и интересни авантури, кои од некоја причина, ќе сакате да ги избегнете. Во сабота, можно е да запознаете нови личности кои подоцна ќе ви бидат многу важни како на професионален план така и на емотивен. Минатото е поминато не се оптеретувајте со тоа мислете повеќе на иднината и она што го носи новиот ден.

Близнаци

Ќе бидете многу чуствителни на зборовите кои ќе ги чуете од околината. Некои од вас во таквата состојба ќе се загубат. Можеби ќе добиете и по некој корисен совет од повозрасна личност. Прифатете го без предрасуди. Доста сте нервозни, а тоа е штетно за вашето здравје. Ако ве загрижува тежината обидете се со диета или спорт.

Рак

Во периодот помеѓу овие два дена, ќе успеете да воспостават контакт со личност која одамна не сте ја виделе, а не сте престанале да мислите на неа. Претставниците во сериозните врски ќе имаат прекрасен период со многу моменти на нежност и разбирање. Покрај повремените болки во коските, можни се и полесни воспаленија на урино-гениталниот систем.

Продолжува на страна:  1  2  3

1 2 3

Прегледи:
854
Објавено на:
20.04.2018