Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (21 АПРИЛ – 22 АПРИЛ, 2018)

Стрелец

Во моментот најважно е да ги смирите вашите мисли и чувства, но и да го задржите достоинството пред личноста која добро ве познава. Не му се доверувајте на секого, одбирајте ги луѓето со кои сакате да бидете поотворени, а можеби и да споделите некоја тајна. На љубовен план Ве очекува вистинска бура. Настаните ќе се менуваат брзо, а вие тешко ќе можете да се снајдете така што поради невнимание можен е прекин со партнерот.

Јарец

Ќе бидете оптимистички расположени и ќе размислувате за крупни планови. Од вас извира огромна енергија која мора паметно да ја искористите. Коментарите за вас што ќе ги слушнете од околината воопшто нема да ве засегнуваат. Ве очекува просечен љубовен период, без некои поголеми возбудувања. Многу сте емоционални и фокусирани на вашиот партнер.

Водолија

Ви недостасува трпение, а на вашиот партнер храброст да се соочи со заедничките проблеми. Смирете ги заедничките страсти. Се обидувате да одложите една средба, но тоа е само привремено решение. Соочувањето со вистината ви носи психолошко олеснување. Можни се болки во мускулите. Не се преморувајте.

Риби

Среќата оди во ваша насока, така што, некои работи кои сете ги посакале од поодамна можат да станат реалност. Вашиот сомнеж би можел да го наруши добриот однос со партнерот. Потрудете се да ги надминете безпричинските караници со саканата личност. Желбата да промените нешто ограничете ја на сопствениот изглед.

Продолжува на страна:  1  2  3

1 2 3

Прегледи:
854
Објавено на:
20.04.2018