Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (24 – 25 ФЕВРУАРИ, 2018)

Ова е најдобриот подарок за 8-ми март

Лав

Ќе се најдете во друштво на непознати луѓе, но одлично ќе се вклопите. Вашата страст ќе ви помогне да го освоите вниманието, иако нема многу да се трудите да го постигнете тоа. Не се обидувајте да контролирате се што се случува околу вас. Овие два дена препуштете ѝ се на забавата. Внимавајте некоја Скорпија која постојано ви нуди совети, нема добри намери.

Девица

Доволно сте разумни за да ги одбраните своите ставови. Не преземајте ризици за да немате финансиски проблеми. Бидете искрени кон саканите. Понекогаш треба да го смените начинот на перцепција за да се заштитите. Добро ќе ви дојде психофизичка релаксација. Некој Бик ви нуди помош за совладување на препреките, прифатете ја.

Вага

Понекогаш треба да делувате брзо и одлучно без премногу тактизирање. Со саканата личност уживајте во работите кои ви се заеднички. Потпрете се на интуицијата. Посветете внимание на различните информации кои ги добивате за да можете коректно да ги завршите работните задачи. Внимавајте на однесувањето со колегите.

Скорпија

Викендов ќе бидете многу неодлучни. Предолгото размислување нема да ви помогне. Бидете поодлучни и дејствувајте веднаш. Нема да ви биде лесно да си одделите енергија за проблемите на другите луѓе, но ќе бидете принудени да го направите тоа. Сочувствувајте со ваш колега или пријател и дајте му пријателски совет. Не мора да глумите преголема загриженост, едноставно бидете отворени за разговор.

1 2 3

Прегледи:
771
Објавено на:
23.02.2018