Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (29 – 30 СЕПТЕМВРИ, 2018)

Стрелец

Постојано ќе среќавате личности кои ќе ви испраќаат збунувачки сигнали. Но, вие најдобро е да стоите блиску до стабилни личности кои избегнуваат игри и за кои знаете дека немаат скриени намери. Не останувајте зачудени ако луѓето се однесуваат необично. Тие ќе направат се за да се истакнат и да застанат во центарот на вниманието.

Јарец

Немате време за губење, ве чекаат важни одлуки и успеси. Се повлекувате во сопствениот свет, го прикривате незадоволството, внимавајте да не бидете повредени. Уживајте во тоа што ви се нудат, не се оптоварувајте со хипотетички прашања. Обрнете внимание на вашите соработници, тие ви сугериираат нешто што за вас е доста корисно.

Водолија

Секогаш сте се потпирале на други луѓе за да се чувствувате посигурни, било да се работи за ваш пријател, роднина или друга блиска личност. Време е да си го покачите нивото на самоувереност и да станете посамостојни. Шетајте со гордо крената глава. Способни сте да постигнете многу повеќе отколку што си мислите.

Риби

Неколку обврски нема да ви дозволат релаксирано да го започнете викендот, но затоа пак ќе надоместите со опуштена вечер во која вашите желби ќе бидат на прво место. Нема да знаете во што или кому да верувате. Ќе мора да ги отфрлите туѓите желби и да се концентрирате на остварување на вашите.

1 2 3

Прегледи:
1023
Објавено на:
28.09.2018