Категории

Viktor&Rolf приредија вистинска модна екстраваганција

“Boulevard of Broken Dreams”, е името на новата haute couture колекција на дизајнерското дуо Viktor&Rolf со која повторно ја воодушевија својата модна публика која безрезервно верува на нивната ненадмината креативност, разработен концет и приказна која стои позади секоја од нивните колекции, т.е. на тенок конец помеѓу фантазијата и реалноста.

Модното дуо на париската писта и овој пат претстави колекција која е заснована на концептот на рециклирање кој модните дизајнери веќе долго го практикуваат. Овој пат Viktor&Rolf како почетна точка ги зедоа постоечките тоалети кои имаа видливи траги на носење, т.е. по некое оштетување и ги прекомпонираа во нови couture креации како би ги искористиле нивните зачувани фрагменти и би ги споиле со нови творби на надреални колажи. Секоја креација е конструирана одново, со спојување на нешто старо и нешто ново што целата колекција ја прави толку посебна.
Колекцијата инспирира со надреално шаренило, раскош и екстраваганција која присетува на онаа од „Алиса во земјата на чудата“, чија тема веќе беше инспирација за многу нивни колекции.
За создавањето на нивната колекција тие изјавија
„За нас оваа колекција зрачи со поетична романтика, нагласувајќи ја убавината на она што се крие во несовршенството. Точно во тие фрагменти кои недостасуваат, и пукнатините и парчињата се крие вистинска убавина.“
Секоја од креациите е рачно изработена за која биле потребни 1,260 часа.

Прегледи:
493
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
28.01.2017