Категории

Викторија Луческа достоинствено ја претстави Македонија на “Miss top of the world”освојувајќи награда за втора придружничка

Минатата недела се одржа интернационалниот избор за убавина “Miss top of the world” во Пловдив, Бугарија во организација на Литванија. Меѓу најубавите претставнички на земјите низ целиот свет, нашата Викторија Луческа достоинствено ја претстави Македонија освојувајќи награда за втора придружничка.

 

?

A post shared by ViktoriAna (@viktoriana.official) on

“Изборот се одржа на највисоко ниво, деновите беа исполнети со многубројни активности и вежбање на кореографијата за финалната вечер. Со мене беше и македонската делегација која ми ја даде најголемата поддршка и не де откажаа во мене ниту во еден момент. Овие избори ме прават среќна затоа што покрај тоа што добивам прознание за мојата убавина, многу поважно учам од нив и ми помагаат да се надоградувам како личност, бидејќи да се биде помеѓу најубавите девојки на ваков избор не значи само убаво лице туку и внатрешна убавина, карактер и однесување. Горда сум со овој успех бидејќи Македонија ќе ја паметат како земја со паметни и убави девојки, а меѓусебното дружење до девојките прераснува во пријателство кое се памети засекогаш” – вели нашата претставничка Викторија Луческа.

 

When he don’t know how to put it, you must help ??

A post shared by ViktoriAna (@viktoriana.official) on

Овој избор, како и многу други се само доказ дека во нашата држава има девојки и момци со голем потенцијал кои претставуваат амбасадори и ја промовираат Македонија на интернационално ниво.

?

A post shared by ViktoriAna (@viktoriana.official) on

Прегледи:
821
Објавено на:
24.09.2017