Категории

Виното како лек за мозолчиња и акни

Виното се смета за пијалак на боговите, често е истражувано за да се откријат сите негови благотворни дејства.

Во едно такво истражување, откриено е дека може многу да помогне во превенцијата на низа болести, но и во лечењето на акните.

Научниците ја тестирале главната активна состојка на црното вино – резвератолот, моќен антиоксиданс кој се покажал одличен во превенцијата за срцеви болести и разни видови рак.

Претходните истражувања покажале дека резвератолот има антимикробно дејство и дека може да помогне за да се намали бројот на бактерии кои се одговорни за создавањето акни.

Дерматолозите препорачуваат да ја пробате комбинацијата од резвератол и класичен производ за чистење лице, односно, во тоникот за лице да додадете малку црвено вино.

По употреба на оваа комбинација извесно време, ќе забележите дека имате многу помалку акни и мозолчиња, а кожата ќе ви биде почиста и поздрава.

Извор : Боза.мк

Прегледи:
348
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
22.12.2017