Категории

Виски е новото вино: Зошто треба да се одлучите за чаша жесток пијалок

Помина времето кога се сметаше дека вискито е пијалок само за мажи. Напротив, смело се придружуваме на клубот на љубителите на овој вид алкохол и откриваме сè што треба да знаете за него …

Моќен дестилиран алкохол направен од ферментирани житни култури (пченица, јачмен и пченка) наречен виски, со векови е пијалок само мажите. Но, не повеќе! Голем број на жени докажуваат дека вискито веќе не е само машка работа и дека и понежниот пол може да ужива во неговиот волшебен вкус.

 

Започнете полека

Ако никогаш предходно не сте пиеле изберете пијалок со помалку алкохол. Пијалоците означени со 40 проценти се поблаги и поподносливи за почетниците.

 

Пијте го неразреден

Една чаша чисто виски без вода или некои додатоци е идеално за почетници. Консумирајте само чисто виски, бидејќи тоа ќе ви помогне да откриете дали ви се допаѓа неговата арома и вкус. Додадете само неколку капки вода ако не можете да го издржите неговиот силен вкус.

 

Уживајте во аромата

Помирисајте го малку вискито пред да земете голтка, па задржете го малку во устата пред да го голтнете.

Вискипедија

Бурбон

Мора да биде произведен во Америка и да содржи дури 51% пченка, но е и посладок од останатите.

 

Скоч

Шкотското виски е направено само во Шкотска и е познато и како народен лек затоа што има затоплувачки и релаксирачки ефект.

 

Ирски

За разлика од шкотското, кое двапати се дестилира, ирското три пати го поминува процесот на дестилација, што резултира со поблаг и полесен вкус на непцето.

Прегледи:
608
Ознаки:
·
Објавено на:
04.01.2020