Љубовта е збор кој во нашата култура речиси го изгубил своето значење. Постои една интересна приказна за рабинот Тверски.
Тој наишол на еден млад човек кој очигледно уживал јадејќи риба, па му рекол:
„Млад човеку, зошто ја јадеш таа риба?“
Момчето одговорило: „Затоа што сакам риба.“
Тој му рекол: „Ох, ти сакаш риба. Затоа си ја извадил од водата и си ја убил, а потоа си ја зготвил. Немој да ми зборуваш дека сакаш риба- ти се сакаш себеси. И затоа што е рибата вкусна, затоа си ја извадил од водата си ја убил и си ја зготвил.“
Има толку многу љубов како оваа љубов спрема рибата.
И така, еден млад пар се сретнал, и момчето и девојката се заљубиле еден во друг.
Тој во девојката видел некој за кого мисли дека може да му ги осигура неговите физички и емоционални потреби.
А таа помислила дека момчето е некој кој би можел..
Тоа била љубов, но секој од нив ги гледал само своите потреби.
Тоа не е љубов спрема другиот, туку сретство за сопственото задоволување.
Вистинската љубов не е во она што ќе добиеш, туку во тоа што ќе дадеш.
Луѓето прават сериозни грешки мислејќи дека им даваат на оние кои ги сакаат.
Но вистинскиот одговор е – ги сакате оние на кои им давате.
Поентата е, ако ти дадам нешто тебе, сум вложил во себе и во тебе.
А затоа што љубовта е дадена спрема себеси, сите се сакаат себеси, сега кога делот од тебе станува дел од мене, постои дел од мене во тебе кој го сакам.
Вистинската љубов е љубовта на давањето, а не љубовта на примањето.
-Рабин ал Абрахам Тверски