Категории

Вистинска љубовна приказна од Титаник која е многу поромантична од онаа на Џек и Роуз

Секој кој го гледал филмот „Титаник“ сигурно се сеќава на бабата и дедото кои лежат на креветот во нивната кабина додека надоаѓа ледената вода, мирно чекајќи го крајот во прегратка. Призорот од легендарниот филм ги допре и најстудените срца, но малкумина знаат дека не станува збор за уметничка слобода, туку за неверојатна вистинска приказна за луѓето кои одбиле да се спасат и решиле смртта да ја дочекаат онака како што и живееле – заедно.

Исидор и Ида Штраус биле вистинска двојка од соништата. И покрај тоа што нивниот брак бил договорен од страна на семејството, љубовта помеѓу американскиот бизнисмен со германско потекло, еден од основачите на трговскиот ланец „Мејси“ и добро воспитаната девојка чија фамилија неодамна стигнала во САД од Европа, набргу процветала и станала искрена и длабока.

2-vistinska-ljubovna-prikazna-od-titanik-koja-e-mnogu-poromantichna-od-onaa-na-dzhek-i-rouz

Во 1871 година, Исидор и Розали – Ида, се венчале. Во наредните 15 години нивниот брак бил крунисан со дури 7 деца. Пријателите и фамилијата ги сметале Исидор и Ида за сродни души и сопружници кои биле неверојатно приврзани еден за друг. Исидор поради својата работа често патувал, но секогаш разменувал по неколку писма дневно со неговата сопруга.

Кога децата пораснале, Ида и Исидор повеќе немале причина зошто да не бидат заедно, па Ида почнала често да патува со сопругот. Тоа се случило и таа фатална зима 1911/1912 година.

„Каде одиш ти, одам и јас“, велела Ида.

Парот зимата ја поминал во Европа, најмногу во Франција. Било предвидено дома да се вратат порано, но штрајкот на произведувачите на масло во Англија ги одложил нивните планови. На Исидор му било кажано дека додека трае штрајкот, кон Америка сигурно ќе исплови само еден брод – неверојатниот брод кој не може да потоне, Титаник.

1 2

Прегледи:
712
Објавено на:
09.05.2016