Категории

Вистинска љубовна приказна од Титаник која е многу поромантична од онаа на Џек и Роуз

3-vistinska-ljubovna-prikazna-od-titanik-koja-e-mnogu-poromantichna-od-onaa-na-dzhek-i-rouz-

И така Исидор и Ида тргнале за Америка на 14-ти април 1912 година кога Титаник удрил во ледената санта и почнал да тоне. Парот бил забележан како стигнал до чамецот за спасување со број 8 во придружба на слугинката на госпоѓата Штраус, Елен Бирд. Бидејќи станувало збор за госпоѓа и господин во поодминати години, офицерот задолжен за евакуација им понудил место во чамецот, но Исидор одбил да се спаси сè додека на Титаник имало жени и деца. По тоа, ниту Ида не сакала да влезе во чамецот.

„Живеевме заедно многу години. Не сакам да се одвојам од својот сопруг. Како што сме живееле, така и ќе умреме – заедно.“, рекла Ида, а на ова биле сведоци и многу други кои веќе биле во чамецот.

Иако сопругот ја молел да се спаси, Ида не го променила своето мислење. На нејзината слугинка ѝ ја дала бундата и ѝ рекла дека нејзе нема да ѝ биде потребна. Откако ја сместила во чамецот, таа се повлекла заедно со сопругот. Последен пат биле видени како седат на палубата и се држат за рака додека околу нив сè се рушело и исчезнувало во ледените води на Атлантскиот океан.

4-.jpgvistinska-ljubovna-prikazna-od-titanik-koja-e-mnogu-poromantichna-od-onaa-na-dzhek-i-rouz-

Кога преживеаните патници стигнале во Њујорк со бродот „Карпатија“, многумина, вклучувајќи ја и слугинката Елен, ја раскажале приказната за Исидор и Ида Штраус на новинарите, нарекувајќи ја најневеројатниот пример за љубов и приврзаност. Таа со молскавична брзина се проширила низ целиот свет. Рабините во текот на службите во синагогите им ја прераскажувале на верниците, весниците пишувале за неа, посветена им е дури и песната „Катастрофата на Титаник“ која била многу популарна помеѓу американските Евреи.

Телото на Исидор било пронајдено и идентификувано, но телото на Ида засекогаш останало некаде во длабочините на океанот. Сепак, на гробот на Штраус во Бронкс нивната љубов е засекогаш овековечена со еден едноставен цитат од „Песна над Песните“:

„Водата не може да ја згасне љубовта – ниту пак да ја удави.“

Постои и снимена сцена инспирирана од последните моменти на Исидор и Ида за „Титаник“ која за жал не успеала да добие свое место во крајната верзија на филмот, но можете да ја погледнете во следново видео…

1 2

Прегледи:
713
Објавено на:
09.05.2016