Категории

Вистинска среќа е кога ќе научиш да бидеш задоволен со својот живот

Научи да бидеш среќен и задоволен со сопствениот живот и немој да го споредуваш со ничиј.

Гледај напред без оглед на тоа што се случило во минатото. Вистинска среќа е да не се занимаваш со туѓите животи и да размислуваш за намерите на другите, да го гледаш нивното однесување, да критикуваш, споредуваш и клеветиш. Немој да дозволуваш злобните луѓе да го разбудат ѕверот во тебе, немој да дозволиш нивниот отров да продре во тебе и да ја затруе твојата бистрина.

Запри ја сета негативност во твојот живот, исполни го со она кое те мотивира и те прави подобра личност. Чекори напред и немој да гледаш зад тебе прашувајќи се кој те следи, чекори и кога немаш никого зад себе, и кога си потполно сам дури и кога ќе те напушти сопствената сенка.

Научи да бидеш среќен и задоволен со сопствениот живот и немој да го споредуваш со ничиј. Никогаш не можеш да знаеш низ што поминал некој за да го постигне она кое го има.
Вистинската среќа се крие во тоа кога ќе прифатиш дека твојата среќа може да биде поинаква од онаа на другите а сепак да биде поголема и подрагоцена од нивната.

Прегледи:
510
Објавено на:
14.04.2020