Категории

Вистинска зимска идила: Прекрасни места кои морате да ги посетите барем еднаш во животот! (ФОТО)

Туристичката посета на замоците станува се повеќе популарна. Кога ќе дојде зимата и ќе падне снег, овие места се претвораат во бајка.

Некои од нив биле инспирација за креаторите на прекрасните замоци во бајките на Дизни, како и на сценарија и места за снимање филмови. Ве водиме во обиколка на некои од најубавите.

 

Замокот Елк се наоѓа во близина на реката Мосел помеѓу Кобленц и Трир. Елк е изграден во 12 век и неговиот средновековен изглед е уникатен затоа што бил заобиколен од сите војни. Колекцијата што може да се види во него се смета за една од најдобрите во Европа и опфаќа панцири и оклопи, златни и сребрени артефакти, порцелан, накит, па дури и некои парчиња мебел од времето кога е изграден замокот.

Замокот Лихтенштајн е изграден во 19 век во чест на средновековните витези на Лихтенштајн, на местото каде се наоѓал замокот од 12 век. Овој замок е познат по својата колекција оружје и оклопи, а посетителите ги фасцинира камениот мост што го поврзува замокот на врвот на една планина со друга.

Замокот во Коем е обновен во 1868 година, откако Французите во 16 век целосно го уништиле. Овој замок се наоѓа на еден рид над реката Мосел и има богата колекција на ренесансен и барокен мебел.

Замокот Шверин се наоѓа на езерскиот остров во Шверин, каде е веќе 11 века. Овој замок имал различни намени, најпрво бил дом на династијата Мекленбург, потоа факултет и музеј, а понекогаш служи за заседавање на собранието на сојузната држава на која и припаѓа. Покрај прекрасниот замок, туристите доаѓаат во потрага по духот на 17 век.

Прегледи:
450
Ознаки:
·
Објавено на:
04.01.2020