Категории

Вистински мелем за цревата: Вака се користи правилно оваа супер храна!

Древните Ацтеки и Маи ја консумирале многу пред да стане толку популарна, така што ова не е нова храна, туку едноставно нов тренд

 

Семето чиа може да апсорбира скоро 12 пати повеќе течност од неговата тежина, што го прави одлична состојка за здрав (и фин) пудинг. Затоа, не е изненадувачки што тоа денес се смета за супер храна, а факт е дека можете да го вклучите и во вашата исхрана на многу различни начини. Ако досега не сте го испробале, прочитајте подолу сè што треба да знаете за огромната моќ што ја има ова ситно семе.

 

Луѓето консумираат чиа семе илјадници години

Чиата расте во близина на екваторот, во земји како Мексико, Боливија и Еквадор. Древните Ацтеки и Маи го консумирале многу пред да стане толку популарно, така што ова не е нова храна, туку едноставно нов тренд.

 

Семето чиа ви дава многу повеќе за вложените пари

Се разбира, семето чиа не е замена за здрава и урамнотежена исхрана, но факт е дека тоа содржи многу хранливи материи. На пример, една лажичка семе чиа содржи скоро 5 грама омега 3 масни киселини кои вообичаено се наоѓаат во лососот и кај другите риби.

 

Семето чиа е одличен извор на протеини и калциум

Две лажици семе чиа содржат иста количина на протеини како едно јајце. Но, чиа семето не е само одлична замена за вегетаријанците, туку и за луѓето кои не консумираат млечни производи. Истите две лажици чиа семе содржат и 177 мг калциум, додека една чаша млеко содржи 300 мг калциум.

 

Тие се одлични во варење на храната

Бидејќи лажичка семе од чиа содржи дури 5 грама влакна, тоа е многу ефикасно во борбата против надуеност и запек. Но, бидете внимателни, бидејќи премногу може да предизвика спротивен ефект. Доволно е една до две лажици на ден.

 

Можете лесно да ги вклучите во вашата исхрана

Чиа семето има неутрален вкус и текстура, а овој вкус го прави одличен додаток во најразлична храна и пијалоци. Ако досега не сте ги јаделе, обидете се да ги вклучите во вашиот појадок – смути, јогурт или овесна каша. Семето чиа исто така е одлично со зачинети јадења и најразлични салати.