Категории

Вистински жени признаваат зошто го простиле неверството на својот партнер

Еден од пет луѓе го изневериле својот партнер, според истражувањето на YouGov во 2015 година.

Да, тоа е навистина алармантен податок, а ако сте доволно среќни да сте дел од останатите 80 проценти, сигурно размислувате дека веднаш би го оставиле оној кој би ја издал вашата доверба на тој начин.

Но најчесто, тоа не е така едноставно. Секој има сопствено мислење кога се работи за тоа што би требал а што не би требал да направи, а само оној кој се нашол себеси во таква ситуација може да донесе вистинска одлука. Неколку жени откриваат зошто се одлучиле да им го простат неверството на своите партнери, и додека некои од нив тврдат дека тоа било голема грешка, други велат дека така ја пронашле својата вистинска среќа..

„Ние раскинавме откако тој ме изневери, но останавме добри пријатели и откако почнавме да се гледаме со други луѓе, после една година решивме дека всушност треба да се вратиме пак заедно. Требаше да се разделиме и да сретнеме други луѓе за да сфатиме колку всушност припаѓаме заедно, од тогаш нашата врска е навистина супер.“

„Тој ме изневери пред нашата 25 годишнина. Не можев да поверувам и кога го прашав мојот сопруг зошто го направи тоа, тој одговри дека тоа не било ништо сериозно и траело само неколку месеци. Тој навистина се покаи, а јас се присетив на сите овие години поминати со него исполнети со љубов и слога, посакав да прославиме и 50 годишнина од нашиот брак заедно со нашите деца и внуци, па му простив.“

„Тој се обиде да направи се нашата врска да функционира. Откако открив дека ме изневерува побарав од него да се разделиме, но тој ми рече дека ќе направи се за да нашата врска да почне повторно да функционира. Тој навистина не се предаде во ниту еден миг, постојано се обидуваше да направи се за да бидам среќна, па помислив дека вреди да му дадам втора шанса.“

„Ние се скаравме за некоја банална работа, и во момент на гнев тој ме изневери, но ми кажа дека во нити еден миг не го направил тоа од љубов туку поради тоа што бил доста лут на мене. А јас не можев да си простам што се однесував на тој начин и претерано реагирав за мали нешта, потоа се заколна дека никогаш повеќе нема да направи ништо такво и се смиривме.“