Октомври ќе бидат обележан со промени и некои нови настани за пет хороскопски знаци кои треба да бидат многу внимателни во одредени области во животот.
Почетокот на месец октомври им носи мали проблеми на Близнаците. Сè ќе се случи многу брзо, па дури и нема да бидете свесни за сите случувања. Астролозите ве предупредуваат да не донесувате ненадејни одлуки, туку да размислите внимателно пред да донесете одлука.
После 10-ти, партнерот ќе ви даде поголема поддршка отколку што можете да очекувавте, така што нема причина да се грижите. Ако немате вистински и искрен пријател во животот, постои шанса да сретнете таква личност во текот на октомври. Судбоносната средба може да се случи на најнеочекуваното место по 20-ти октомври.
Не ги искористувајте шансите на 12, 18 и 21 октомври и избегнувајте судири со Риби и Скорпии.
Иако ова не е типично за претставниците на Лавот, но во средината на месецот ќе бидат критикувани од други луѓе. По 15ти октомври, постои шанса да имате жестока расправија со колегите.
Поголемиот дел од месецот ќе биде комплициран за Лавовите, но затоа на крајот доаѓа периодот за целосна промена и обнова. Време е да го направите тоа што долго го планирате. Што и да одлучите да направите, ќе ви тргне од рака.
Бидете внимателни на патот 25 и 28 октомври. Не одговарајте на критиките на Вага, Бик и Водолија.
За Вагата, октомври е месец на значајни одлуки. Ако го отфрлите егото и навистина започнете да работите на работи што долго време ги планирате, сè ќе се реализира, но ако донесете една погрешна одлука, сè паѓа во вода.
Обидете се да не влегувате во судири со колегите, тоа може да доведе до сериозни расправии.
Што се однесува до емотивниот живот од 20 октомври, очекувајте големи промени. Ќе сретнете интересна личност по 20 октомври, но не се обврзувајте пред добро да се запознаете.
Не им верувајте премногу на Близнаците и Стрелците. Добро време за патување ќе ви биде од 14 до 28.
За Стрелецот, овој период е многу неповолен во однос на финансиите, особено по 10 октомври. Заштедете пари и грижете се за тоа со кого работите, бидејќи може да бидете мета на измамници. Бидете особено внимателни со Рибите. Слушајте го вашето тело, во спротивно ќе се соочите со болест по 20-ти октомври. После 25 октомври, постои можност да го промените вашето место на живеење. Не влегувајте во дискусии со Јарците.
Одложете ги планираните работи на 28 октомври, во спротивно сите ќе паднат во вода.
Дојде време за промени и ова Рибите особено ќе го почувствуваат во емотивен план. Во вашиот живот ќе се појави нова личност, но ќе бидете издадени од луѓе од кои најмалку очекувате.
Воспоставете добри односи со колегите и станете посветени на работата, затоа што постои можност за напредок.
Од 26 до 30 октомври, луѓето со лоши намери ќе се обидат да го нарушат вашиот мир. Не ги слушајте советите од Јарците и Девиците.