Владо Јаневски со концерт каков што доликува на ѕвезда, го одбележа јубијелот од 25 години соло кариера.
Во организацја на Авалон Продукција, по пауза од речиси 10 години, чаирскиот романтичар одржа концерт на отворено во Античкиот театар.
Во дво-часовниот концерт, тој еден глас со публиката тој ги отпеа неговите најголеми хитови и докажа дека неговите песни се безвременски и засекогаш врежани на македонската музичка сцена и во срцата на речи си секој македонец.
Ја разигра публиката со неговите поживи песни, но и насолзи многу очи со едни од најромантичните песни некогаш испеани кај нас, кои и му го донесоа прекарот чаирскиот романтичар.