Категории

Вложуваат повеќе од 10 милијарди: Кинезите го претвораат руското чудо од природа во светски туристички центар

Новиот туристички центар ќе биде изграден на локацијата на напуштената фабрика за картони која била еден од најголемите загадувачи во регионот.

Руската туристичка агенција Гранд Бајкал потпишала договор со кинески инвеститори, кои според зборовите на аналитичарите, ќе го претворат Бајкалското езеро во „туристички центар од светска класа“, пишува RT.

Конзорциумот на кинески фирми, предводен од гигантот Чунгџингсин ќе вложи неверојатни 11 милијарди долари во проектите кои ќе обезбедат неопходна инфраструктура за развој на туризмот. Меморандумот за соработка веќе е потпишан, а за конечниот почеток на работата се чека студија на изводливост.

„Планираме да изградиме најмодерни туристички атракции и да поставиме придружна транспортна и логистичка инфраструктура околу Бајкалското езеро, за да привлечеме значителен број на туристи во регионот“, се наведува во соопштението на Гранд Бајкал.

Според зборовите на компанијата, најважни ќе бидат еколошките стандарди и закони за заштита на животната средина, кои ќе бидат строго почитувани за да се зачува едно од најголемите светски чуда на природата.

02-kina-ke-investira-vo-bajkalsko-ezero

Новиот туристички центар ќе биде изграден на локацијата на напуштената фабрика за картони во градот Забајкалск. Фабриката, која е затворена пред три години, била еден од најголемите загадувачи.

Бајкалското езеро се наоѓа во Сибир и го претставува најдлабокото езеро во светот. Се очекува дека новата иницијатива ќе го врати Бајкалот на економската мапа на Русија и позицијата која ја имал во времето на СССР.

Прегледи:
405
Објавено на:
26.10.2016