Категории

Вљубениот ерген избран за најубав маж во Турција за 2016-та година

Спортски градено тело и неодолива насмевка – ова е “Вљубениот ерген”

Роден е во Швајцарија на 9 октомври 1987 година во семејство на албански имигранти. На 8 годишна возраст, заедно со родителите и двајцата браќа се преселува во Турција каде го започнува своето образование.

Уште во студентските денови започнува интензивно да се занимава со спорт, па така станува шампион во многу спортски дисциплини како пливање, кајакарство, ракомет, фудбал, кошарка, а лани станува член на боксерски клуб и започнува да учи да плови.

Фитнес тренинзите се неизоставен дел од неговото секојдневние, како и здравиот начин на исхрана и живот, впрочем како што има и неговиот лик во комичната серија на Сител.

Бариш Ардук денес е познат турски актер кој со улогата во “Вљубениот ерген” ги освои воздишките на милиони жени ширум светот, а на значајни турски манифестации доби големи признанија.

Па така, два пати ја добива старуетката “Златна пеперутка” за најдобар актер, а добива награди и од Театарот Sadri, како и од многу телевизии, универзитети и едукативни јавни институции.

Покрај неговиот значаен придонес во филмографијата на Турција, станува и голем хуманитарец и Амбасадор на познатата турска организација “Живот без рак”.

Во однос на актерската кариера, за македонските гледачи е познат по улогите во “Наследството на госпоѓицата” и “Ајшен”, но најголемо внимание добива со главната улога на харизматичниот и богат ерген Омер во хит серијата “Вљубениот ерген”.

Македонките секоја вечер со душа го чекаат неговото појавување на тв екраните и се забавуваат со згодите и незгодите на Дефне и Омер, чекајќи го нетрпеливо нивниот прв бакнеж.

Едноставната романтична комедија за вљубениот ерген и девојката која сакаат да му ја “наместат”, секојдневно над 350.000 гледачи ја следат на Сител телевизија, а заводникот станува сон на секоја гледачка и идол на многу момци и ергени.

Згодниот Бариш се појавува и во многу турски рекламни спотови.

Негова најпозната реклама е за обувките Derimod, а во 2016 година се сликаше и снимаше за магазинот GQ

И токму тој престижен магазин пред неколку дена му ја додели наградата за “Најубав маж за 2016. година”. Очигледно… не погрешиле.

Извор : tvpaket.com.mk

Прегледи:
609
Објавено на:
19.02.2017