Категории

Родители, внимавајте: 9 годишно девојче го ставило мобилниот телефон покрај ногата и се разбудила со изгореница!

Девет годишна девојка од Англија до крајот на својот живот ќе има белег на ногата во облик ни помалку ни повеќе – на мобилен телефон.

Оливија, а ни нејзината мајка не можеле да претпостават дека такво нешто може да и се случи. А за се е виновна маската кога ги предизвикала изгорениците од втор степен. Всушност, токсичните хемикали кои се наоѓале во маската, предизвикале тешки повреди на ногата од девојката.

–  Оливија не смее да има телефон во текот на ноќта во соба, но тајно го зела и го ставила во креветот па заспала со него. Се пробуди во текот на ноќта и дојде кај мене да ми каже дека ја боли ногата. Мислев дека само претерува и ја пратив назад во својата соба – коментираше мајката на Оливија.

Но Оливија не лажела, ниту претерувала, а болката станала само посилна.

  • Бев шокирана кога сватив дека маската од телефонот и направила изгореница на мојата ќерка. Докторите кажаа дека белегот ќе и остане за цел живот. Мојата ќерка цел живот ќе има белег во облик на телефон.

Фотографиите мајката ги објавила на Facebook за да ги предупреди сите родители за можната опасност.

Прегледи:
696
Објавено на:
21.01.2016