Можеби е подобро да молчите или направете го тоа без непромислени зборови
Колку пати сте ги слушнале пријателите или познаниците како се фалат со „совршениот живот“. Одлично заработуваат, живеат во луксузен став, имаат завидна кариера и друштвен статус, на емотивен план се им оди како подмачкано. Непогрешливи се и ниедна нивна постапка не се доведува во прашање. Можеби многумина ќе помислат дека се работи за силни личности кои на овој начин се обидуваат да контролираат се околу себе, да ги наметнуваат своите ставови и покажуваат супериорност, но не е така.
Психолозите сметаат дека позади постојаната потреба за идеализирање на сопствениот живот се крие несигурност. Овие личности сакаат да се уверат најпрво себеси во своите тврдења. Доколку се фатите себеси како прд пријателката го величате сопствениот живот, запрашајте се дали е навистина тоа така. Многу нешта се наоѓаат длабоко во нашата потсвест, па не сме ни свесни колку не оптеретува нешто што нема врска со нас или има но многу малку. Затоа бидете внимателни кога сакате да се фалите. Можеби е подобро да премолчите или да го направите тоа со промислени зборови.