Категории

ВНИМАВАЈТЕ ШТО ПОСАКУВАТЕ – Помрачувањето на сонцето од 4 декември ќе има моќ да ја исполни секоја желба

Затемнувањата на небесните тела се една од најмоќните сили во природата. На почетокот на декември затемнувањето на Сонцето пристигнува за време на младата месечина и носи големи промени..

Од мај 2020 година поминуваме низ циклусот на затемнување Стрелец-Близнаци, но тој сега е при крај и ќе заврши на 4 декември, со целосно затемнување на Сонцето за време на младата месечина. Затемнувањата се инаку моќни сили кои носат големи промени, настани кои ги менуваат и трансформираат нашите животи и имаат тенденција да не насочат точно каде што треба да одиме, затоа не присилувајте ништо.

Затемнувањата можат да донесат нови можности и почетоци во вашиот живот, затоа останете отворени за она што ќе ви се најде на патот. Можеби ќе откриете дека сè за што сте работеле напорно конечно доаѓа со награда.

Ова целосно затемнување на Сонцето за време на младата месечина е последниот чекор на ова патување што го направивме досега, кулминација на сите наши енергии од почетокот на циклусот на затемнување, па можеме да го искористиме за да привлечеме што сакаме.

Гледајќи подлабоко во космичкото небо, и Меркур и Нептун се активни во моментот на ова затемнување, па можно е да ни се откријат некои досега скриени вистини. Меѓутоа, секогаш кога е вклучен Нептун како планета на интуиција, секогаш е важно да им веруваме на нашите инстинкти и внатрешен глас без разлика какви сознанија ќе ни дојдат.

Добро е да погледнете во себе во овој период, а зборувањето и запишувањето на она што ни е на ум може да биде многу терапевтско. Без оглед на темите и разговорите кои се иницирани под ова затемнување, не заборавајте да бидете нежни, трпеливи и полни со љубов кон себе.

Сè на сè, ова затемнување е моќен момент во годината и веројатно ќе не одведе до дестинација каде што напорно работевме. Како што пристигнуваме на нашата нова дестинација, важно е да одвоиме време за да бидеме благодарни за патувањето и да ги почитуваме лекциите и растот што ги постигнавме.

Прегледи:
782
Објавено на:
25.11.2021