Категории

Внимавајте во кого се вљубувате: За овие знаци се верува дека се ладни како лед!

Постојат луѓе кои имаат меко срце, грижливи се, дарежливи и љубезни. Од друга страна, постојат луѓе кои имаат црти на нарциси и садисти, кои мислат само на себе. Тие се со студено срце и потполно незаинтересирани за потребите на другите.

Кога влегуваме во врска, секако дека сакаме да се заљубиме во личност која не е ладна, нарцисоидна, склона кон осудувања и одвратна. Иако треба време да процениме нечии карактеристики и да го запознаеме, астрологијата може да ни помогне во тоа.

1. Стрелец

Стрелецот е огнен знак, многу амбициозен. Лошата страна е што можат да бидат себични во своите амбиции. Премногу се окупирани со своите планови, цели, мети и успехот. Дури и ако комуницираат со вас, најчесто се повеќе заинтересирани да зборуваат за себеси и својот живот. Многу ретко ќе ве прашаат нешто и тоа ако прашаат најчесто е поради потребата од информации во нивна корист.

2. Рак

Ракот е кардинален воден знак. Нивната владеачка планета е Месечината. Тие се многу чувствителни, емотивни и имаат изразени промени во расположението. Малку е необично што еден толку емотивен знак се наоѓа на листата со знаци со ладни срца, но тоа е токму поради тоа што големите проблеми кои ги имаат доживеано ги зајакнале за да се заштитат себеси. Но, забораваат дека тоа не е најдобриот начин да се носат со своите промени во расположението. Нив всушност им е потребен баланс помеѓу преголемата емотивност и студеното срце.

3. Водолија

Водолијата е воздушен знак. Тие се многу неконвенцијални, бунтовни, диви, одлучни и логични. Но, не знаат како да се справат со емоциите. Тоа не значи дека се бесчувствителни и дека немаат никакви емоции, но предност и даваат на интелигенцијата и логиката. Ќе се одлучат да останат настрана и да ги решаваат сопствените проблеми пред да ја покажат својата ранлива страна.

Прегледи:
530
Објавено на:
14.08.2019