Кити Спенсер, внуката на принцезата Дајана беше дел од поканетите гости на кралската венчавка помеѓу Меган Маркл и принцот Хари. Нејзината убавина и сличност со нејзината тетка, принцезата Дајана особено привлече внимание кај светските медиуми.
Таа беше облечена во рачно насликана тоалета од последната колекција на модната куќа Долче и Габана, а со оглед на нејзината долгогодишна соработка со оваа куќа за висока мода, тоа воопшто не е изненадувачки. Нејзиниот софистициран изглед и природна убавина, придонесоа да се издвои помеѓу присутните и да ги освои модните критичари.
Кити Спенсер е ќерка на помладиот брат на принцезата Дајана, Чарлс Спенсер (53), а на церемонијата беше во придружба на нејзината сестра Лејди Елајза, братот Луис и мајката Викторија.
Принцовите Хари и Вилијам останале блиски со семејството на својата мајка и не го кријат своето големо задоволство што тие ссе дел од присутните на нивните свадби. Хари во текот на венчавката во црквата дури и остави празно место за Дајана.