Од оваа година во Белград постои едно место кое секој ќе посака да го посети затоа што го поттикнува лачењето на гормонот за среќа.
При крајот на февруари, непосредно пред почетокот на пандемијата на коронавирусот, во Белград, Србија на улица Тадеуш Кошчушка 18 е отворен Музеј на чоколада чии создавачи се Јелена и Ненад Радулович, млад брачен пар, големи љубители на уметност и историја. Музејот е направен со многу љубов и смели идеи:
„Посетувајќи ги музеите во Европа, сфативме дека на нашиот град му недостасува нешто вакво. Со оглед на тоа дека денес е најлесно да се биде нечија копија, ние се потрудивме целата организација да биде оригинална. Го направивме на начин да биде единствен и автентичен, да може да се спореди со музеите на чоколади во Европа.“
Од Јелена Радулович дознаваме дека во музејот, освен податоци за историјата на чоколадото во светот, може да се види и историјата на чоколадата во Србија.
Во музејот исто така можат да се видат оригинални ракотворби, чоколадни украси произведени од големите мајстори.
Една уметничка од Војводина на музејот му подари чоколадно слатко во облик на Храмот Свети Сава.
„Направен е од црна и бела чоколада и е составен на делови и изложен токму кај нас“