Категории

Во чест на најслатката принцеза: Има девет месеци и свој кармин

Британската принцеза Шарлот Елизабет Дајана има само девет месеци, но веќе има кармин кој го носи нејзиното име. Познатата куќа “Марк Џејкобс” пре неколку дена го промовираше карминот “Шарлот” во прекрасна розе нијанса.

Овој кармин е дел од колекџијата “Le Marc lip créme” и е изложен во модната куќа “Harrods” во Лондон. Малата Шарлот е сигурно една од најмалите девојчиња кои добиле оваков подарок.

Ќерката на војвотката и војводата од Кембриџ на втори мај оваа година ќе го прослави својот прв роденден. На полето на убавината и модата се оечкува малата Шарлот да е метната на мајка си. Поради тоа многумина претпоставуваат дека карминот “Шарлот” ќе стане голем хит.

Оваа мала принцеза уште по самото раѓање во болницата “St. Mary” стана најпознатото бебе на светот.

И од тогаш, со месеци – што и да има врска со преслатката Шарлот, станува важна вест.

Прегледи:
468
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
10.02.2016