Категории

Во четврток ќе се одржи 43. Бизнис Кафе Македонија!

Новото 43-то издание на најпознатиот бизнис-нетворкинг настан во државата, Бизнис Кафе Македонија, ќе се одржи во четврток (28.09.2023) во „Среќа bar&food“ во Скопје со почеток од 19:00 часот.

Покрај вообичаените нетворкинг активности, гостите на 43-то издание на Бизнис Кафе Македонија исто така ќе имаат можност да ги чујат инспиративните приказни на тројца извонредни говорници:

  • Коста Петров – основач на Пи Ворлд, водечка интернационална креативна агенција со канцеларии во Скопје и Монтреал. Компанијата организира бизнис настани во 40 земји низ светот и редовно соработува со водечки глобални брендови како TikTok, BcW, Johnks Hopkins Medicine, Harvard University, IBM, Edelman и др. Со над 50,000 продадени примероци, тој е и еден од најпродаваните македонски автори во последните 10 години.
  • Маја Кузмановска – директорка и професор во високата стручна школа Бизнис академија Смилевски (БАС) од Скопје и консултант за организациски развој во Детра центар. Веќе 12 години ја врши својата професија како професор, а во својот професионален развој се стекнува со многу сертификати и признанија за областа во која специјализирала – Маркетингот. Има објавено голем број на стручни и научни трудови и книги. Се јавува во улога на претседател на програмски и организациски одбор на повеќе стручни и научни собири, ментор на работилници, модератор на повеќе настани и како и ментор на специјалистички мастер трудови. Од февруари 2021 година ја врши функцијата директор на БАС.
  • Гого Рафајловски – оперативен директор на SEEUTechPark и IP консултант кој им помага на претприемачите и иновативните стартапи да го достигнат својот максимален потенцијал. Во тековната 15-годишна кариера во управувањето со стартап центри, инкубатори, акцелератори и технолошки паркови, тој има изградено портфолио на искусен бизнис консултант. Има менторирано над 100 стартапи, а неговата специјалност се: стартап инвестициите, интелектуалната сопственост и вреднувањето.

Картите за новото издание на Бизнис Кафе се продаваат по цена од 300 денари и истите можат да се купат на фактура со испраќање на мејл порака на следнава имејл адреса: [email protected] или директно со уплата на следнава трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан).

Прегледи:
188
Објавено на:
25.09.2023