Категории

Во четврток започнува третото издание на Fashion & Lifestyle Expo

Уште само два дена до почетокот на третото издание на Fashion & Lifestyle Expo. Вратите на Македонската опера и балет ќе бидат отворени за сите посетители во четврток, 22 .03 во 15 часот, кога настанот и официјално ќе започне, а влезот на истиот е бесплатен.

Програмата на сите три сцени – Main Stage, Creative Hall и Beauty Bar ќе се одвива со динамично темпо, а во галеријата Gallery ќе можете да погледнете четири паралелни изложби.

Вечерната програма започнува во четврток, 22-ри март од 20:00 часот, со најдобрите коктели од Skopje Cocktail Week, по што ќе следи концерт на музичарите од Трениг центарот ЕВА. Во 21 часот ќе можете да ја погледнете ревијата “Чувства”, за најновата колекција на JO.AN, а за атмосферата до крајот на вечерта ќе биде задолжен Dj Boogieman.

Во петок, 23-ти март, вечерниот дел ќе започне во 20:00 часот со дегустација на врвните вина од винаријата Тиквеш, по што ќе имаме прилика да не’ инспирира уметноста на Италија со Rivedil, модното шоу на ALSHAR за колекцијата Spring Breakers, а настанот ќе го заокружат урбаните звуци на Зоки Бејбе.

За целосната програма, распоредот и учесниците, следете ја официјалната страна на Fashion & Lifestyle Expo и официјалниот настан.

Прегледи:
379
Објавено на:
21.03.2018