Категории

Во Дубаи е отворен најдлабокиот базен на светот

(ВИДЕО) Во Дубаи е отворен најдлабокиот базен за нуркање во светот. Посетителите ќе можат да се спуштат на длабочина од 60 метри до потопениот град и да играат аркадни игри.

Дубаи, туристички и деловен центар со пустински терен и со многу високи температури со месеци, е познат по екстравагантни атракции како затворена скијачка патека, големи водни паркови и највисоката зграда во светот. Базенот, со големина на шест олимписки базени, е потврден во Гинисовата книга на рекорди како најдлабокиот базен во светот за нуркање.

Deep Dive Dubai наведува дека е 15 метри подлабоко од кој било друг базен. Дизајнирано во форма на остриги, тоа е и најголемото подводно филмско студио во регионот. Нуркачите се спуштаат во потонатиот град со звуци и осветлување. На патот надолу има две суви простории исполнети со воздух.
Посетителите можат да изберат дали ќе нуркаат со или без боца, соопшти компанијата што управува со атракцијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deep Dive Dubai (@deepdivedubai)

Прегледи:
514
Објавено на:
23.07.2021