Хирургот ми го намали носот, потоа ми ги извади филерите од образите и го реконструираше моето лице. Кога ќе се погледнам во огледало, многу сум задоволна, раскажува Џенифер чија цел е што повеќе да наликува на Ким Кардашиан.
Џенифер Памплона (25) ссе прослави минатата година по тоа што во еден ден направила дури 9 естетски операции. Старлетата и зависничката од пластична хирургија сега ги документирала новите зафати од нејзината посета на хирургот во Турција.
Во последната „рунда“, Џенифер по втор пат го оперирала носот, ги извадила филерите од образите и го затегналла лицето. Претходно го зголемила задникот, еднаш и усните, направила липосукција, извадила две ребра и во бутовите вбризгала сало за да и бидат поголеми.
Севкупно, Памплона на операциите потрошила 500 илјади долари.
– После се, прилично сум задоволна. Понекогаш помислувам дека ќе беше подобро тие пари да ги зачував на својата сметка во банка, но кога ќе се погледнам многу сум среќна – раскажува Џенифер.
По последната низа операции, одлучила и да ги копира фотографиите на Ким на кои позира потполно гола во пустина, додека телото и го красат само бели линии.
– Сакав да ги покажам резултатите од се она што го имам направено на моето тело. Ги обожавам тие фотографии на Ким, таа за мене е прекрасна, а сега мислам дека и јас сум убава – додала Џенифер.