Растечката популарност на храната во која меѓу другите состојки се наоѓаат и екстракти од марихуана ја произнесе и потребата за новиот производ – “Chrontella”.
Имено, станува збор за прехрамбен производ кој може да се купи во Канада, а кој настанал како мешавина од “Nutella” и екстракт од марихуана или медицинска марихуана. Пакувањето на “Chrontella” содржи околу 300 mg екстракт од канабис.
Комбинацијата на најпопуларниот крем од лешник, какао и млеко со најверојатно најпопуларната рекреативна дрога (барем во одредени држави во светот) се покажа како многу успешна.
Поизводителите на овој крем стојат и зад производот “Pif” кој наместо крем од лешник, ја комбинира марихуаната со путер од кикиритки.