Категории

Во Кина ќе се гради првиот „град шума“

Во Кина ќе никне т.н. град шума. Градот „Liuzhou Forest City“ кој ќе биде покриен со милиони растенија.

Според архитектите, овој град ќе апсорбира околу 10.000 тони јаглерод диоксид, 57 тони загадувачи и ќе продуцира 900 тони кислород секоја година.

Градот ќе биде изграден покрај река, секаде ќе се користи соларна енергија и електрични автомобили.

Домовите, училиштата и многу други објекти ќе бидат покриени со 40.000 дрвја и милион растенија од повеќе од 100 видови.