Категории

Во Мурманск започна поларната ноќ, Сонцето ќе исчезне 40 дена

Природниот феномен на ткн поларна ноќ започнува во петокот во областа на Мурманск, на северозападот од Русија, и според тамошниот од хидрометеоролошки центар во следните 40 дена, од 2-ри декември до 11-ти јануари Сонцето нема да се појави на хоризонтот.

Поларната ноќ е природна појава којашто се забележува на широчините северно од Арктичкиот круг. Во северозападна Русија таа минува на јужниот дел од Колскиот полуостров и делумно низ територијата на Карелија. На широчината на Мурманск поларната ноќ трае околу 40 дена, а на Северниот пол дури шест месеци. Во летниот период се јавува спротивната појава – поларниот ден, кога Сонцето речиси ист период не зајдува од хоризонтот.

Меѓутоа, енергетските стручњаци предупредуваат дека во текот на поларната ноќ доаѓа до значително зголемување на потрошувачката на енергија. Тоа се должи во прв ред на кусотрајната дневна светлина, како и на ниските температури на воздухот. Така во споменатиот регион на почетокот од декември вкупната потреба од електрична енергија надминува 36.000 MW/h, додека во летото во текот на поларниот ден таа изнесува во просел 25 до 27.000 MW/h.

Завршувањето на поларната ноќ жителите на Мурманск вообичаено го прославуваат. Последните десет години тие на 11-ти јануари се собираат на манифестацијата наречена „Првата мугра“ на Сончевиот брег, највисокото место во Мурманск, за да ги видат првите сончеви зраци/крај/мф/сн

Извор : Макфакс

Прегледи:
353
Објавено на:
02.12.2016