Категории

Во ова ќе се пронајдат сите оние кои го слушаат само своето срце

Вие сте како феникс, додека не изгорите. Кога ќе изгорите, се издигнувате од пепелта и повторно летате.

Личностите кои го следат своето срце не се обидуваат да преминуваат пречки, или да промислуваат, калкулираат, планираат – а и кога ќе се обидат, тоа едностано не им успева. Ако го слушате своето срце, за вас се мора да биде витинско и реално, доживеано и проживеано, вашиот закон се вистината и страста – имате страствен однос спрема вистината и вистинит спрема страста.

Донесувате одлуки кои другите ги нарекуваат непромислени

Секако дека се непромислени. Кога се обидувате да мислите, донесувањето одлуки бескрајно се одложува и логичкиот и рационалниот пристап не ве одведуваат никаде. Освен до мигот кога сте толку изморени од размислувањето, што едноставно пресекувате, па нека биде што биде. Веројатно блиските личности ве предупредуваат да бидете внимателни, да се брзате, да не бидете премногу искрени, но сето тоа е  како да ве советуваат да не бидете вие, туку некој друг. Можеби некогаш сте се обиделе, затоа што разбирате добар совет. Само тоа кај вас не делува толку едноставно.

Никогаш не се плашите да пуштите некого во вашето срце

Вие немате ѕидови, филтери и одбранбени синџири со крокодили. Капиите на вашето срце се широко отворени и подготвени на секому да му поклонат внимание, разбирање и утеха. И тоа постојано го правите и имате баш многу работа. Лесно воспоставувате конекција со луѓето и тие ви се отвораат и доверуваат, а кога се во прашање романтичните односи, тие лесно произлегуваат од таквите конеции – и често се исцрпувачки и разочарувачки.

Вие нудите и давате се, а во некој миг сфаќате дека не ви е возвратено на соодветен начин и дека вашата великодушност е искористена. Ранливи сте и неизоставно сте повредувани, но вие не се откажувате, иако знаете дека ќе бидете повредени.

Повредени сте повеќе пати отколку што можете да изброите

И воопшто не броите, кој би се замарал со статистика? Вашата вистина е таа дека не е возможно да се биде отворен, ранлив и предаден во љубовта а да не се биде повреден. Кој во љубовта не е повреден, тој не умее да сака. Вие знаете дека болката е дел од љубовното и животно искуство и не бегате од неа, не се обидувате да се заштите и не се плашите од истата. Секој пат кога ќе се заљубите, вие му пристапувате на љубовта како да вие прв пат и се предавате во потполност.

Вие сакате да сакате

Ја сакате љубовта и сакате да ја чувствувате. Речиси и не е важно дали ќе ви биде возвратена, вие го обожавате интензитетот на сопствените чувства и радо им се препуштате.

Никогаш не сакате да се промените

Вашите емоции се силни и искрени, вашиот дух е слободен, вие се однесувате онака како што се очеква, вие ги рушите границите и ги збунувате сите околу себе. Вие не верувате во невозможното. Никогаш не сте посакале да чувствувате помалку, да бидете помалку, да не ви е грижа, да не реагирате. Никогаш не би се сменале за некој друг, никогаш не би го згаснале огнот во вашето срце. Вие сте како феникс, додека не изгорите. Кога ќе изгорите, се издигнувате од пепелта и повторно летате.

Прегледи:
476
Објавено на:
11.06.2020